<< Chapter < Page | Chapter >> Page > |
Со појавата на првите компјутери се појавува потребата од пишување на програми преку кои ќе функционираат деловите од компјутерот. Во тоа време програмерите програмираа на многу неприроден начин, комбинирајќи низи од 0 и 1, користејќи го т.н. машински јазик .
Подоцна програмерите согледуваат дека од секој блок на 0 и 1 може да се искомбинираат наредби-зборови кои ќе се многу поразбирливи и полесно ќе се применуваат во текот на пишувањето на програмите. Ваквиот програмски јазик е познат како assembler.
Со тек на времето се појавуваат т.н. програмски јазици на високо-ниво , кои му нудат на програмерот множество на инструкции кои се лесно разбирливи, а исто така се доволно прецизни и едноставни за компјутерот да може да ги разбере (овде спаѓаат FORTRAN, COBOL, PASCAL…).
Создаден во 1970 година од програмерот Денис Ричи (Dennis Ritchie) и Брајан Керниган (Brian Kernighan) од лабораториите Бел (AT&T Bell Labs) 1972. Негов предок е јазикот B, развиен од Кен Томсон (Ken Thompson) во 1970 година.
ALGOL 60 ->CPL ->BCPL ->B ->C.
C бил почетно дизајниран за пишување на оперативни системи. Јазикот бил екстремно едноставен и флексибилен, така што тој подоцна се користи за пишување на најразлични програми. Поради овие причини јазикот станува најпопуларен програмски јазик во светот.
Идејата за креирањето на програмскиот јазик C е давањето на слобода на програмерот при организацијата и пишувањето на програмата, односно да го напише кодот (програмот) на начин кој е разбирлив за него, а и за останатите програмери. По пишувањето на програмата се користи компајлер кој ја преведува програмата во машински код кој е лесно разбирлив за компјутерот.
Секој програмски јазик на високо ниво се состои од множество на резервирани зборови, а комбинацијата од еден или неколку клучни зборови дава наредба од програмскиот јазик.
Множеството на клучни зборови од програмскиот јазик C е следното (32 според ASCII стандардот, 28 според Richie).
auto | double | int | struct |
break | else | long | switch |
case | enum | register | typedef |
char | extern | return | union |
const | float | short | unsigned |
continue | for | signed | void |
default | goto | sizeof | volatile |
do | if | static | while |
Програмскиот јазик C е функционален јазик, односно кодот напишан во овој програмски јазик е базиран на функции. Основниот облик на програма напишана во програмскиот јазик C е следниот:
void main()
{deklaracija_na_promenlivi;
programski_naredbi;}
main е функција која означува главна програма. Во овој специјален тип на функција може да се декларираат променливи, нови под-функции, и да се пишува кодот на програмата. Секоја програма содржи една или повеќе функции, но точно една што се нарекува main. Оваа функција се повикува прва при извршување на C програма
Notification Switch
Would you like to follow the 'Вовед во програмирање' conversation and receive update notifications?