<< Chapter < Page Chapter >> Page >
Се дава постапка по која со помош на изводите се испитува функцијата и потоа се скицира нејзиниот график.

Примена на изводите во испитување и скицирање график на функција

Под испитување на функција се подразбира низа од различни постапки кои се извршуваат со цел да се добијат информации за функцијата како што се: вредности за кои е дефинирана функцијата, пресечни точки на функцијата со координатните оски, дали функцијата е симетрична, дали има асимптоти, каде расте а каде опаѓа, дали има екстреми, превои. Овие испитувања беа прикажани во делот за Основни својства на функциите и сите овие испитувања водат кон добивање сознанија за особините на функцијата врз чија основа можеме да го скицираме графикот на функцијата.

Затоа постапката за испитување на функцијата y = f ( x ) size 12{y=f \( x \) } {} , а потоа и скицирање на нејзиниот график, вообичаено се спроведува преку следниве испитувања:

1. ДЕФИНИЦИОНА ОБЛАСТ . Во зависност од обликот на функцијата f ( x ) size 12{f \( x \) } {} се определува нејзината дефинициона област.

2. НУЛИ . Се определуваат пресечните точки на функцијата со координатните оски. Пресечните точки со x size 12{x - {}} {} оската се нарекуваат нули на функцијата и се добиваат од y = 0 size 12{y=0} {} , односно преку решавање на равенката f ( x ) = 0 size 12{f \( x \) =0} {} . Функцијта може да има една или повеќе нули, но може да нема ниту една. Освен овие нули, бидејќи ќе разгледуваме само еднозначни функции, ќе бараме и пресечна точка на функцијата со y size 12{y - {}} {} оската (доколку ја има само една е) и тоа е точката ( 0, f ( 0 ) ) . size 12{ \( 0,f \( 0 \) \) "." } {}

3. СИМЕТРИЧНОСТ . Се испитува и утврдува дали функцијата е парна, непарна или е ни парна ни непарна (можен е само еден од овие три случаи). Функцијата е парна ако f ( x ) = f ( x ) size 12{f \( - x \) =f \( x \) } {} и графикот на функција е симетричен во однос на y size 12{y - {}} {} оската. За непарната функција важи f ( x ) = f ( x ) size 12{f \( - x \) = - f \( x \) } {} и нејзиниот график е симетричен во однос на координатниот почеток. Кај парните и непарните функции освен што имаат симетричен график, исто така и нивната дефинициона област е симетрична. Третиот вид на функции се оние кои не се ниту парни ниту непарни и кај нив не постои симетрија ниту во графикот ниту во дефиниционата област.

4. ПЕРИОДИЧНОСТ. Доколку функцијата е периодична, се испитува колкав е нејзиниот период. Периодот T size 12{T} {} е најмалиот позитивен број за кој важи f ( x + T ) = f ( x ) size 12{f \( x+T \) =f \( x \) } {} .

5. АСИМПТОТИ . Постојат три вида асимптоти и тоа: вертикални, хоризонтални и коси и тие се определуваат преку гранични вредности. Вертикалните асимптоти се вертикални прави кои се во точките во кои функцијата не е дефинирана (има бескрајна вредност). Ако функцијата е дробно рационална од облик h ( x ) g ( x ) size 12{ { {h \( x \) } over {g \( x \) } } } {} , тогаш вертикалните асимптоти се добиваат преку решавање на равенката g ( x ) = 0 size 12{g \( x \) =0} {} . Хоризонталната асимптота се добива преку границата lim x ± f ( x ) = b size 12{ {"lim"} cSub { size 8{x rightarrow +- infinity } } f \( x \) =b} {} и тогаш правата y = b size 12{y=b} {} е хоризонтална асимптота. Косата асимптота е од облик y = kx + n size 12{y= ital "kx"+n} {} , каде што k = lim x ± f ( x ) x size 12{k= {"lim"} cSub { size 8{x rightarrow +- infinity } } { {f \( x \) } over {x} } } {} а n = lim x ± f ( x ) kx size 12{n= {"lim"} cSub { size 8{x rightarrow +- infinity } } left (f \( x \) - ital "kx" right )} {} . Во делот за асимптоти нагласивме дека функција може да има една или повеќе вертикални асимптоти, а хоризонталната и косата асимптота взаемно се исклучуваат (може да постои само една од нив).

6. ИСПИТУВАЊЕ СО ПРВ ИЗВОД . Се пресметува првиот извод на функцијата и се утврдуваат стационарните точки преку решавање на равенката f ' ( x ) = 0 size 12{ { {f}} sup { ' } \( x \) =0} {} . Со стационарните точки се раздробува дефиниционата област и се формираат интервали на монотоност преку утврдување на знакот на првиот извод на секој од овие интервали. На интервалот на кој првиот извод е позитивен функцијата расте, а ако тој е негативен функцијата опаѓа.

Get Jobilize Job Search Mobile App in your pocket Now!

Get it on Google Play Download on the App Store Now




Source:  OpenStax, Математика 1. OpenStax CNX. Nov 17, 2014 Download for free at http://legacy.cnx.org/content/col11377/1.12
Google Play and the Google Play logo are trademarks of Google Inc.

Notification Switch

Would you like to follow the 'Математика 1' conversation and receive update notifications?

Ask