<< Chapter < Page Chapter >> Page >
Низата како едноиндексно поле се користи и е погодна за пресметки со пообемни податоци бидејќи податоците во низа имаат исто име, а се разликуваат само по својата позиција-индекс кој е природен или цел број. Тоа овозможува лесно оперирање со податоците од низите бидејќи во пресметките се оперира само со нивните индекси.

Низи-едноиндексни полиња

Што е низа во програмските јазици?

  • Низите се структурирани податочни типови
  • колекција од повеќе индивидуални елементи со заедничко име
  • овозможуваат пристап до индивидуалните елементи во низата

За да се организираат повеќе податоци од ист тип, може да се креираат повеќе променливи и на секој податок му се доделува промелива. Но тоа е фукционално само ако се оперира со ограничен број променливи.

На пример, со програмскиот сегмент се собираат вредностите на три податока

int prom1, prom2, prom3; int suma;scanf(“%d%d%d”,&prom1,&prom2,&prom3); suma = prom1 + prom2 + prom3;

Но ако е потребнo да оперираме со многу повеќе променливи од исти тип (на пр. 100, 1000, ...), потребен е поинаков приод. За таа цел се формира низа од повеќе променливи од ист тип.

Низа е структура со релациски поврзани податоци, при што

  • бројот на елементи е однапред познат
  • сите елементи се променливи од ист тип

Дефиниција:

Низа е колекција од променливи од ист тип сместени во низа последователни мемориски локации, на кои им е доделено единствено име.

Низите уште се нарекуваат едноиндексни или еднодимензионални полиња.

За пристап до кој и да е елемент од полето се користи името и позицијата на елементот во полето, а позицијата се одредува со индекс.

Според бројот на индекси полињата се делат на

  • едноиндексни (полиња),
  • двоиндексни (матрици), итн..

Декларирање на едноиндексно поле

Секогаш кога во програма се користи поле, на почетокот од програмата тоа се декларира. За негово декларирање потребно е неговото име, типот на елементите (променливите) и бројот на елементи во полето.

Формат на наредбата за декларирање е

tip ImePole[BrojNaElementi];

Примери за декларирање на поле:

int c[10]; float moePole[3284]; double Tez[100]; int b[100], x[27];

Пример 1.

Да се дефинира едноиндексно поле temps што содржи 5 реални вредности.

Со наредбата

float temps[5];

се декларира поле temps со пет реални вредности, а тоа значи резервирање мемориски простор

Иницијализација на едноиндексно поле

Во наребата за декларација може да се иницијализираат и елементите на полето како што е наведено со следните две наредби:

int p[10] ={1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10}, n[5]= {1, 2, 3, 4, 5 }; float broevi[4]= {1.0, 0.3, 2.25, 4.5};

Ако не се внесат доволно вредности за сите елементи од полето, најдесните елементи се иницијализираат на 0 како на пример:

int a[5] = {0,1,3}; /* preostanatite elementi se 0 */int b[10]={0}; /*najednostaven nacin za inicijalizacija na site vrednosti na 0 */int c[80] = {95}; /* prviot element ima vrednost 95, a site ostanati 0 */

Ако не е определена големината на полето, тогаш истата ја определува компјутерот

int n[] = { 1, 2, 3, 4, 5 }; - 5 почетни вредности, согласно полето ќе биде декларирано како поле со 5 елемента

int pogodi[] = {1,3,5,7,11,13}; - поле со 6 елементи

int golemina[] = {3, 1, 5, 99, 18, -1}; - поле со 6 елементи

Пристап до елемент на едноиндексно поле

За да се добие или промени елемент од полето, потребно е да се определи име на полето и позицијата на елементот во полето. Форматот на елемент од полето е

imePole[IndeksPozicija]

Поле со n елементи и име alfa е:

alfa[0], alfa[1]...alfa[n-1]

  • првиот елемент се наоѓа на позиција (има индекс) 0, вториот на позиција (има индекс) 1, итн.
  • индекс на поле може да биде само целобројна вредност
  • одговорност на програмерот е да обезбеди индексот да биде во интервалот [0,n-1]

Поле може да се иницијализира и со следната низа наредби:

int i, n[10];for (i=0; i<10; i++) n[i] = i;

Пример 2.

Програмски сегмент за собирање на вредностите на елементите на две полиња и нивно сместување во трето поле:

for(i=0; i<n; i++) c[i]=a[i]+b[i];

Пример 3.

Операторот што го одредува индексот има најголем приоритет, поради што во следниот израз

a[2]++

компјутерот ќе ја зголеми вредноста на променливата што се наоѓа на третата позиција во полето за 1.

Пример 4.

Да се најде минимален елемент во низа.

Програма:

#include<stdio.h>int main() {int min, i, pole[20];for(i = 0; i<20; i++) {printf(“Vnesete element %d:i”, i); scanf(“%d”,&pole[i]);} min = pole[0]; for(i = 0; i<20; i++) {if (pole[i]<min) min = pole[i];}printf(“Minimalen e elementot %d ”, min); return 0;}

Пример 5.

Да се изброи колку елементи од една низа припаѓаат на даден интервал.

Програма:

#include<stdio.h>int main() {int pocetok, kraj, i, pole[50], brojac = 0;printf (“Vnesi vrednoti za pocetok i kraj na intervalot”); scanf (“%d %d”,&pocetok,&kraj);for(i = 0; i<50; i++) {printf(“Vnesete element %d:i”, i); scanf(“%d”,&pole[i]);} for(i = 0; i<50; i++) {if (pole[i]>pocetok&&pole[i]<kraj) brojac++; }printf(“Vkupno elementi vo intervalot ima %d ”, brojac);return 0; }

Questions & Answers

how can chip be made from sand
Eke Reply
are nano particles real
Missy Reply
yeah
Joseph
Hello, if I study Physics teacher in bachelor, can I study Nanotechnology in master?
Lale Reply
no can't
Lohitha
where we get a research paper on Nano chemistry....?
Maira Reply
nanopartical of organic/inorganic / physical chemistry , pdf / thesis / review
Ali
what are the products of Nano chemistry?
Maira Reply
There are lots of products of nano chemistry... Like nano coatings.....carbon fiber.. And lots of others..
learn
Even nanotechnology is pretty much all about chemistry... Its the chemistry on quantum or atomic level
learn
Google
da
no nanotechnology is also a part of physics and maths it requires angle formulas and some pressure regarding concepts
Bhagvanji
hey
Giriraj
Preparation and Applications of Nanomaterial for Drug Delivery
Hafiz Reply
revolt
da
Application of nanotechnology in medicine
has a lot of application modern world
Kamaluddeen
yes
narayan
what is variations in raman spectra for nanomaterials
Jyoti Reply
ya I also want to know the raman spectra
Bhagvanji
I only see partial conversation and what's the question here!
Crow Reply
what about nanotechnology for water purification
RAW Reply
please someone correct me if I'm wrong but I think one can use nanoparticles, specially silver nanoparticles for water treatment.
Damian
yes that's correct
Professor
I think
Professor
Nasa has use it in the 60's, copper as water purification in the moon travel.
Alexandre
nanocopper obvius
Alexandre
what is the stm
Brian Reply
is there industrial application of fullrenes. What is the method to prepare fullrene on large scale.?
Rafiq
industrial application...? mmm I think on the medical side as drug carrier, but you should go deeper on your research, I may be wrong
Damian
How we are making nano material?
LITNING Reply
what is a peer
LITNING Reply
What is meant by 'nano scale'?
LITNING Reply
What is STMs full form?
LITNING
scanning tunneling microscope
Sahil
how nano science is used for hydrophobicity
Santosh
Do u think that Graphene and Fullrene fiber can be used to make Air Plane body structure the lightest and strongest. Rafiq
Rafiq
what is differents between GO and RGO?
Mahi
what is simplest way to understand the applications of nano robots used to detect the cancer affected cell of human body.? How this robot is carried to required site of body cell.? what will be the carrier material and how can be detected that correct delivery of drug is done Rafiq
Rafiq
if virus is killing to make ARTIFICIAL DNA OF GRAPHENE FOR KILLED THE VIRUS .THIS IS OUR ASSUMPTION
Anam
analytical skills graphene is prepared to kill any type viruses .
Anam
Any one who tell me about Preparation and application of Nanomaterial for drug Delivery
Hafiz
what is Nano technology ?
Bob Reply
write examples of Nano molecule?
Bob
The nanotechnology is as new science, to scale nanometric
brayan
nanotechnology is the study, desing, synthesis, manipulation and application of materials and functional systems through control of matter at nanoscale
Damian
Got questions? Join the online conversation and get instant answers!
Jobilize.com Reply

Get Jobilize Job Search Mobile App in your pocket Now!

Get it on Google Play Download on the App Store Now




Source:  OpenStax, Вовед во програмирање. OpenStax CNX. Oct 28, 2013 Download for free at http://cnx.org/content/col11379/1.12
Google Play and the Google Play logo are trademarks of Google Inc.

Notification Switch

Would you like to follow the 'Вовед во програмирање' conversation and receive update notifications?

Ask